Англиска пресметка во Суперкупот на УЕФА вечерва во Турција, Ливерпул и Челзи на „Бешикташ Парк“ во Истанбул.

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул смета дека Истанбул е среќен град за неговиот клуб, сака титула и очекува поддршка од навивачите.

„Знам колку среќен  и важен град е Истанбул за Ливерпул, никој нема да ја заборави 2005 година, но сега сме други луѓе и играчи во овој град, сега е  ова тим за 2019/20, многу добар тим на Ливерпул! Истанбул е е многу убаво место за играње фудбал, играв овде  со Дортмунд и атмосферата е брилијантна, имаме огромна група на навивачи овде. Подгтотвени сме, нестрпливи сме да го започнеме мечот и се надевам дека повторно овој град ќе биде посебен за нас“ – изјави Клоп.

Менаџерот на Челзи, Франк Лампрад изјави дека Ливерпул ја заслужил титулата во Лигата на шампионите, сега ова е друг меч и посакува титула.

„Оптимист сум, верувам во моите играчи кои се заслужено на овој натпревар. Го знам квалитетот на Ливерпул, заслужено победија во Лигата на шампионите, ако ние играме на највисоко ниво ќе победиме вечерва“ – изјави Лампард.

Натпреварот меѓу Ливерпул и Челзи се игра вечерва од  21 часот во Истанбул на „Бешикташ Парк“ арената.