Ливерпул се посрамоти со пораз од Барнли на „Енфилд“, минимален со 1-0 со што се продлабочи резултатската криза, шампионот нема триумф на последните пет меча во Премиер лигата.

Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, кој е стручен коментатор и аналитичар за  „Скај Спорт“, изјави дека последните резултати на неговиот некогашен клуб се загрижувачки.

„Борбата за титулата ќе биде неизвесна, разликата на табелата е шест бода, Ливерпул треба да е загрижен, многу тимови се борат првите четири позиции, титулата ќе биде тешко да се одбрани, а и пласманот во топ 4 е под знак на прашање“ – изјави Карагер.