Предводникот на Ливерпул не беше задоволен од однесувањето на навивачите на „Енфилд“ кои пред почетокот на мечот со Атлетико Мадрид се обидоа да се поздрават со нивните миленици, вклучително и со Германецот.

Според островските медиуми, Клоп во видеото во продолжение вика: Тргнете ги рацете, идиоти едни ! – мислејќи на препораките за заштита од коронавирусот.

Клоп на крајот од мечот мораше да побара прошка од навивачите по елиминацијата од Атлетико Мадрид во осминафиналето од ЛШ со вкупен резултат 2:4.