Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е решен во летниот преоден рок да донесе ново засилување на средниот ред кој треба да го пополни местото на Лалана кој ќе се замине од „Енфилд“.

Прва трансфер цел на Клоп е креативецот на Баер Леверкузен, Каи Хавертц за кој треба да изадво најмалку 120 милиони евра. Доколку управите на двата клуба не се договорат за евентуален трансфер, Ливерпул ќе тргне по Филипе Кутињо за која Барселона бара 90 милиони евра.

Поранешниот играч на Ливерпул во моментов е на позајмица во Баерн Минхен а Барселона нема намера да го врати во тимот и најавува негова продажба во летнио преоден рок.

Баерн Минхен пак нема да ја искористи шансата да го откупи неговоиoт договор и подготвува 90 милиони евра за Фирмињо од Ливерпул а не се откажува од идејата за купување на Лерој Сане од Манчестер Сити.