Тренерот на Ливерпул, се осврна на трката за титулата во Серија А. Откако изјави дека го чуди тоа што Јувентус нема предност од 10 бода во однос на конкуренцијата, сега реши јавно да типува на Лацио.

„Навивам за Лацио да ја освои титулата. Тие имаат поранешен играч на Ливерпул во трката за тронот, Лукас Леива. Чиро Имобиле е еден од моите играчи од Борусија Дортмунд. Извинете, Сари и Конте, но јас мислам дека Лацио ќе биде големото изненадување.“ – изјави Клоп.

Клоп воедно потврди дека е шокиран од казната со која се соочува Манчестер Сити и тврди дека фудбалот оди во непосакуван правец.