Јирген Клоп сосема очекувано е избран за тренер на годината во изборот на ФИФА. Германскиот стратег имаше незаборавна сезона со Ливерпул со кои стигна до титулата во Лигата на шампиони.

Покрај тоа Ливерпул минатата сезона до последното коло во Премиер лигата се бореше за титулата, која на крајот сепак отиде во витрините на Манчестер Сити.

„Благодарност на сите луѓе што помогнаа за да до оваа награда, почнувајќи од семејството, па се до тимот. Никој не очекуваше дека пе бидам тука толку скоро. Благодарност до Ливерпул, благодарност до сопствениците што ми овозможија да имам таков одличен тим. За да си најдобар тренер, треба да имаш најдобар тим“, изјави Клоп.

Во конкуренцијата за најдобар тренер покрај Клоп беа и Пеп Гвариола од Манчестер Сити и Маурисио Почетино од Тотенхем.