Ливерпул не успеа да ги мине подготовките како што планираше Јирген Клоп, единствена светла точка за европскиот првак е избегнувањето на сериозни повреди.

Без Мохамед Салах, Садио Мане, Фирмино, Кеита и Шакири, Ливерпул има скромен биланс на контролните средби(три порази на четири меча) а алармот кај новинарите се активираше по поразот од Наполи.

„Така е како што е, се подготвиваме за да бидеме многу подобри. Ќе мора да се бориме во текот на целата сезона со 100% од нашите можности, знаеме дека оваа година ќе биде потешка од минатата. Има сериозно добри тимови а секако Сити е повторно фаворит.“ – изјави Клоп.

Без разлика на резултатите од контролните дуели, Ливерпул во новата сезона во Премиер лигата е еден од најголемите фаворити за титулата заедно со Манчестер Сити. Ливерпул ќе истрча против Манчестер Сити во недела на „Вембли“ во Комјунити-шилд.