Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го коментираше доаѓањето на неговиот сонародник Ралф Рангник на клупата на Манчестер Јунајтед.

Неговото доаѓање треба да биде официјализирано во следните два дена.

Според поранешниот стратег на Борусија Дортмунд, тоа е лоша вест за остатокот од лигата.

“За жал, добар тренер доаѓа во Англија, во Манчестер Јунајтед. Тој е многу искусен, создаде два клуба од никаде. Тие ќе бидат организирани на теренот. Тоа очигледно не е добра вест за другите тимови”, рече тој.

Рангник е само привремена замена за Оле Гунар Солскјер, додека Јунајтед планира да ангажира постојан менаџер само на крајот на сезоната. Првата желба е тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, а како еден од кандидатите се споменува тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг.