Ливерпул и Арсенал во средата одиграа неверојатен меч кој заврши 5-5 во рамки на Карибо Купот, а по пенали Ливерпул се пласираше понатаму.

На овој меч и Емери и Клоп им дадоја шанса на младите фудбалери, а посебно имресиониран германецот беше од фудбалерот на Арсенал, Габриел Мартини кој беше автор на два погодоци.

 „Тешко беше да се игра со тие момци од Арсенал. Мартинали од прилика е иста возраст како Ван Денберг, но тој е талент на векот, неверојатен напаѓач поради кој ни беше многу тешко“-изјави Клоп.

Габриел Мартинели летово пристигна во Арсенал, и покрај тоа што добива минимална минутажа неговиот учинок е импресивен, односно на седум натпревари има постигнато седум погодоци.