Ливерпул е домаќин на Милан, натпревар од конкуренцијата Б во Лигата на шампионите. Дуел на две екипи со богата фудбалска историја, Милан е враќа во Лигата на шампионите, со многу мотиви.

Тоа го знае тренерот на Ливерпул Јирген Клоп, тој смета дека ова е дерби во ЛШ, очекува тежок ме против мотивираниот Милан.

„Милан се враќа во Лигата на шампионите, тие брилираа минатата сезона, а и оваа ја започнаа навистина одлично. Ќе биде тежок натпревар за двете екипи. Кога ја видовме ждрепката, знаевме дека е ова е тешка група. Атлетико Мадрид, Порто и Милан, еден од најголемите клубови во Европа, ова е вистинската група од Лигата на шампионите“ – изјави Клоп.

Дуелот меѓу Ливерпул и Милан започнува од 21 часот.