Сите очи на Европската и Светска фудбалска јавност овој викенд ќе бидат вперени кон „Енфилд Роуд“ каде Ливерпул во големото дерби ќе го дочека Манчестер Сити. Ј

Натпреварот на „Енфлид“ се најавува како натпревар кој би можел да биде одлучувачки во трката за титулата, а Клоп најави храбра игра на неговиот тим.

Секој тим ако сака да освои барем бод против тим како Манчестер Сити мора да биде доволно храбар. Треба да бидеме храбри и смели. Треба да креираме, но позиционирањето треба да ни биде перфектно. Одбраната исто така треба да биде перфектна. Треба да се обидеме да се адаптираме на работите кои ги прави нашиот противник и да не му дозволиме да го прави“- изјави Клоп.

Клоп, исто така  потврди дека Хендерсон и Ван Дајк кои се жалеја на повреди ќе бидат во составот за неделниот меч.