Мохамед Слах го одработи под посебен режим, денешниот тренинг на Ливерпул и најверојатно ќе биде во комбинација за настап за дуелот со Арсенал од Лига Купот иако можно е да биде поштеден од овој меч.

Јирген Клоп во соработка со медицинскиот тим на Ливерпул одлучиле да не ризикуваат премногу со Салах кој поради повреда не го доигра дуелот со Тотенхем минатиов викенд.

Сепак според последните информации од Англија, крилниот напаѓач од среда ќе може да тренира со полн интензитет што е добра вест за Јирген Клоп и за навивачите на „црвените“.