Легендата на Ливепрул, Џејми Карагер и фудбалските аналитичари неколку дена објаснуваат дека Ливепрул направил грешка што не купил дефанзивец во летниот преоден рок.

Тренерот на Ливепрул, Јирген Клоп пред денешниот натпревар со Ајакс одлучи да одоговори на критиките, кои се појавија особено по повредата на Ван Дијк.

„Некој постојано сака да ни укажува дека сме направиле грешка во последниот трансфер прозорец.. Мислам дека Џејми Карагер веќе го спомена тоа. Има причина поради која тие не ја работат оваа работа (мојата) туку нивната.“ – вели Клоп.

Германецот потвди дека имаат различни решенија за моменталната ситуација со составувањето на дефанзивната линија и навивачите не треба да се грижат.

„Секој сака да се забавува, доаѓа ноќ во ЛШ, ќе игра Ливерпил, поради ова им ветуваме на навивачите дека ќе дадеме се од себе. Ме интересираат само резултатите, сега, тоа што ни се случува денес а не минатите три недели.“ – објасни Клоп.