Предводникот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека е свесен за предизвик кој утревечер го очекува неговиот тим на „Енфилд“ против Наполи.

Клоп потврди дека Салах е подготвен за настап, Матип дефинитивно нема да игра а неизвесен е Наби Кеита.

„Сакаме да победиме, тоа е нашата цел на секој натпревар. Ќе биде тешко иако читаме за различни проблеми со кои се соочуваат во Наполи но и покрај се тие се многу силен противник. Не победија нас во Италија два пати по ред. Силни се и покрај тоа што нема да игра Инсиње. Без разлика кој ќе биде на теренот очекувам интензивен натпревар.“ – изјави Клоп.

Според тренерот на Ливерпул навивачите може да останат смирени, целта оваа сезона е потврдување на амбициите, што подобар пласман во Лигата на шампионите но и задржување на позициите во Премиер лигата.