Менаџерот на Ливерпул кој се почесто се поврзува со заминување од „Енфилд“ прави план за следната сезона и новите засилувања.

Според „Диаро Гол“, Клоп побарал од управата на првакот на Англија во летниот преоден рок да го купат Родриго од Реал Мадрид.

Офанзивецот треба да биде директна конкуренција за Фирмино кој не е во добра форма повеќе од една година, додека Мане и Салах имаат потреба од нова поддршка во нападот си поразлична креативност.

Ливерпул се очекува да го тестира Реал Мадрид со првична понуда од 50 милиони евра, сума која може да се покаже како доволна за трансферот на Родриго.