Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја објасни неговата филозофија по однос на трката за титулата во Премиер лигата.

„Точно, навикнати сме на згуснат распоред, истиот е луд па мораме да бидеме луди. Ќе биде тешко до крајот на овој месец. Титулата не се освојува во декември, но лесно се губи во овој месец. Има многу натпревари, ќе мора да видеме на нашето ниво.“ – вели Клоп.

Ливерпул до крајот на оваа 2021 година ќе одигра девет натрпевари, кои може да бидат пресудни по однос на битката за титулите до крајот на сезоната.