Mенаџерот на Ливерпул Јирген Клоп, изјави дека не е повеќе забавно фановите да влетуваат на фудбалските терени.

Германскиот стратег во пресрет на дуелот со Саутемптон потенцира дека ваквите испади мораат што поскоро да завршат, бидејќи истите само му наштетуваат на актерите на мечот, алудирајќи на бизарната повреда на голманот Адриан, кој беше „жртва” на лизгачки старт на еден фан на дуелот со Челзи во Истанбул.

„Не можам да ја разберам ситуацијата од пред два дена. Навивач ја прескокнува оградата и го повреди нашиот голман. Сега треба да правам нова стратегија за голманската позиција. Ги сакам нашите навивачи, тоа не е спорно, но би сакал да престанат со ваквите испади. Така беше и на дуелот со Норич, со Сити, па дури и на финалето на Лигата на шампионите, кога таа девојка истрча на терен и заработи многу пари. Што треба да правиме ние? “, потенцираше Клоп.