Менаџерот на Ливепрул, Јирген Клоп прв пат јавно потврди дека работите на „Енфилд“ не се променети. Управниот одбор задолжен за трансфери ги носи сите одлуки, тренерите во Ливепрул само даваат препораки.

Навивачите на „Црвените“ веруваа дека со доаѓањето на Клоп ова е сменето, но очигледно не е така.

„Не можам да кажам дали ќе бидеме активни на трансфер пазарот или не. Секако дека друг ги носи овие одлуки, тоа секогаш е така. Дискутираме секој ден за тоа дали треба да се засилиме и јас носам само препораки, не ги трошам парите, никогаш не сум го правел тоа. Не сакам да збунам никој, но начинот е тој.“ – изјави Клоп.

Ливерпул во зимскиот преоден рок се поврзува со повеќе играчи, но засега нема конкретна потврда за ново засилување.