Една од најинтересните средби во осминафиналето на Лигата на шампионите, секако ќе биде дуелот меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид.

Јирген Клоп, по повод ждрепката изјави дека знае што мисли Диего Симеоне.

Многу интересна ждрепка. Потсвесно знаев дека ќе играме со еден од двата клуба од Мадрид и, еве, тоа и се случи. Имаме многу убави спомени од Мадрид, каде ја освоивме прошлата Лига на шампионите на стадионот “Висенте Калдерон“. Овој пат ќе играме со Атлетико, а овој стадион е нивниот дом. Ќе мораме напорно да работиме и да дадеме се од себе. Не чека тешка работа, но, ако погледнете, уште неколку дуели слободно би можеле да бидат финале на лигата. Затоа сме свесни дека во оваа фаза нема лесни противници. Лично мислам дека Симеоне не скокал од радост кога дозна дека ќе игра со Ливерпул. Тежок натпревар на две екипи, со различни стилови, различни организации на игра, но и со една иста желба за победа“, вели Клоп