Ливерпул и Јунајтед одиграа дерби без голови, се очекуваше повеќе, но двете екипи беа неефикасни на големото дерби.

Јирген Клоп нема објаснување за неефикасноста на Ливерпул, беше искрен во изјата по големото дерби.

„Искрено, немам објаснување,  се мачиме да постигнеме гол и не успеваме во тоа. Желба има, но сега  стануваме нервозни кога ќе се најдеме во ситуација за гол. Ова се случува во фудбалот, против Кристал Палас постигнавме седум гола, а сега не можеме да погодиме буквално ништо, искрено има  нервоза постои, но верувам дека наскоро ќе влеземе во посакуваниот голгетерски ритам“ – изјави Клоп

Ливерпул нема постигнато гол на последните три меча во Премиер лигата.