Манчестер Јунајтед веќе обезбедни пласман во Лигата на шампионите идната сезона, па затоа поради неверојатно густиот распоред, во дербито од 36-тото коло во Премиер лигата против Лестер играше до резервен тим, па на свој терен изгуби со 1:2.

Така на две кола пред крајот на првенството од Лигата на шампионите го оддалечи Ливерпул, еден од своите два најголеми конкуренти, а кон европската елита го подбутна Лестер, против кого играа со втор тим.

Постапката на Јунајтед предизвика осуда кај навивачите Ливерпул, но менаџерот на црвените  не му замерува на колегата од големиот ривал.

„Јунајтед играше со тим каков што и очекував. Па, што друго можеа кога играат во ритам недела- вторник- четврток. Тоа што им го прават е злосторство. Нема тука никаква вина Оле и неговите играчи. На негово место би го направил истото“– изјави Јирген Клоп.

Утрешниот меч на Манчестер Јунајтед, баш против Ливерпул, ќе биде четврти за момците на Солскјер во една недела. Во тој период играа и ќе играат само против силни противници: реваншот од полуфиналето против Рома, а во првенството против Астон Вила и Лестер, а утре ги дочекува Ливерпул.