Ливерпул поразен од Аталанта во Лигата на шампионите, неочекуван резултат за Јирген Клоп кој играше со комбиниран состав.

Јирген Клоп, по неочекуваниот пораз гласно го изрази незадоволството пред се поради интензивниот распоред на натпревари.

„Ме загрижува распоредот, нè принудувате следниот натпревар против Брајтон на гости да го играме во сабота во 12:30 часот. Тоа е злосторство. Да, злосторство. Нема никаква врска со нашиот пораз од Аталанта, но честитки за оној што ја донесе таа одлука, ова не распоред кој не ни одговара. Во овој момент, посакувам само да немаме нови повреди. Моите играчи се целосно разочарани, фрустрирани. Штом завршат еден натпревар, почнуваат да се подготвуваат за друг“,  изјави Клоп.