Ливерпул викендов го претрпе шестиот пораз во низа на „Енфилд Роуд“ по што голем број од легендите на клубот јавно ги критикуваа фудбалерите, има и такви кои велат дека време е Салах да биде продаден, но Клоп има поразлична порака до сите кои го сакаат и го следат Ливерпул.

„Разбирам дека навивачите се разочарани, ова не сме ние, но ако ни судат по сотуацијата во која сме во овој момент, можам само да кажам дека ги разбирам, ова сепак е тешка година. Овој пораз ја продлабочува кризата, немаме магично решение за да ја свртиме ситуацијата во наша полза наеднаш. Не е проблемот во играчите, ако се сомневаат во некој тогаш тоа нека биде мојот тренерски тим и во мене. Очигледно е дека повредите се виновни за многу наши проблеми оваа сезона.“ – вели Клоп.

Островските медиуми анализираат и прогнозираат, Клоп ова лето ќе го напушти Ливерпул, а од клубот можно е да бидат продадени и повеќе ѕвезди како што се Мане, Салах, Тиаго и Робертсон.

Standings provided by SofaScore LiveScore