Откако медиумите во Англија на големо почнаа да пишуваат за евентуален трансфер на Мбапе во Ливерпул, предводникот на „Црвените“, Јирген Клоп ги разреши дилемите.

„Немам што посебно да кажам на таа тема, Купувањето на играчи како Мбапе е исклучително тешка работа. Мислам дека не постои клуб на светот кој може да купува од ПСЖ. Ние тоа не можеме да го направиме. Од спортска страна гледано секако дека сакаме да го видиме на „Енфилд“ со оглед на тоа каков играч е, но тоа е невозможно.“ – изјави Клоп.

Ливерпул утре од 17:30 часот, го дочекува Манчестер Сити во дербито на колото во Премиер лигата.