На Јирген Клоп му остана уште да ја освои Премиер лигата, но и доколку тоа не се случи сепак може да се очекува заминување од Ливерпул по неговите најави дека многу му пречи времето во Англија.

За „FourFourTwo“ тој открива кој би можел да го наследи на клупата на „Црвените“.

„Кени Даглиш и Стивен Џерард ми беа поддршка од првиот ден во Ливерпул. Второ, мојата позиција како тренер нема врска со луѓето околу мене. Ако Ливерпул ме отпушти утре, тогаш Кени ќе биде првиот избор, а веројатно тие ќе го донесат Стиви. Ако мене ме прашувате кого би сакал да го видам, тогаш Стиви.“ – искрено одговара Клоп.