Германецот Јирген Клоп отворено говореше за своите планови, за кариерата, за ангажманот во Ливерпул и што потоа.

Клоп има договор со Ливерпул до 2024 година, ако не тргне нешто на лошо, има намера да го одработи во целост, најави дека по ангажманот во клубот, ќе земе подолг одмор.

„Работам со полна енергија, се или ништо, не знам поинаку, или работам или не работам. Со Ливерпул имам договор до 2024 година, имам намера да го одработам во целост, потоа се враќам во Германија, но нема да работам, ќе земам одмор, малку подолг одмор“ – изјави за Кикер Германецот.