Ливерпул ја продолќи успешната традиција на островјаните во дуелите со Милан на домашен терен.

„Црвените“ победија со 3:2 против „Росонерите“ кои и покрај тоа што наполувреме водеа со 2:1 на крајот се вратија во Милано без ниеден бод.

„Ова беше навистина возбудлив натпревар, имавме неверојатна иницијатива на почетокот но не бевме компактни, не користевме доволно шанси. Казнети бевме за тоа но сигурен сум дека успеавме да играме добар фудбал и да постигнеме два убави голови. Ова е фудбалот кој сакам да го гледам кога играме, важно е дека победивме.“ – изјави Клоп.