Денеска од 17:30 се игра најголемото дерби во англискиот фудбал, на Олд Трафорд кај Манчестер Јунајтед гостува Ливерпул.

На прес конференцијата одржана пред овој меч, меѓу останатото Јирген Клоп доби прашање да ги спореди Мохамед Салах и Кристијано Роналдо.

Одговори во свој стил, иако два пати повтори дека баш и не го интресира таа тема.

„Не сум размислувал за тоа. Зошто би ги споредувале Мохамед Салах и Кристијано Роналдо? Јасно е дека двајцата се играчи од врвна класа и тоа е така. Би рекол дека левата нога на Роналдо не е лоша, но левицата на Салах е можеби подобра. Можеби Роналдо е малку подобар во скокот и десната нога му е веројатно подобра, но што се однесува до брзината , двајцата се прилично брзи. Двајцата сакаат да постигнуваат голови. Тоа е ваљда тоа. Навистина не сум размислувал за тоа, не сум баш заинтересиран за тоа, се извинувам“– кажа Клоп.

Ливерпул и Манчстер Јунајтед и дербито влегуваат без пораз после осум кола во Премиер лигата. Тимот на Клоп со 18 бодови е на третото место, додека Јунајтед има четири бода помалку и во последните три кола е без победа.