Њукасл се уште е главна тема во англискиот фудбал, откако беше купен од инвестициски фонд од Саудиска Арабија, а последен кој коментираше за нив е Клоп.

Германецот не делува воодушевено што зад Њукасл ќе стои фонд контролиран од самата азиска држава и очекува „црно-белите“ да станат моќен тим.

„Тие ќе станат фудбалска супер сила. Ова е трет клуб во светот за кого знам дека е во сопственост на држава и очигледно и припаѓа на најбогатата фамилија во светот.“

„Имаат неограничени можности, ова е како Супер лига со еден учесник. Њукасл ќе може да доминира на светската фудбалска сцена наредните 20-30 години“– изјавил Клоп.