Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп го крена гласот против ВАР технологијата, тврдејќи дека одлуките сезонава речиси секогаш се на штета на атуелниот англиски првак.

Повод за  реакција на германскиот стратег беа неколку сомнителни судиски одлуки на вчерашниот меч против Шефилд што Ливерпул го доби со пресврт со 2-1.

Во фокусот на Клоп беше одлуката на судиите да досудат пенал за Шефилд по фаулот на Фабињо врз Мекбрани.

Прекршок во таа ситуација воопшто немаше. До сега одигравме шест натпревари, а оштетени сме на три од нив.  Има судиски одлуки на наша штета на секој втор натпревар оваа сезона. Овој пат Шефилд јунајтед беше тимот кој доби подарок“, изјави Клоп.