Ливерпул сака во своите редови да го доведе Исмаила Сар од Ватфорд, како што објавуваат медиумите на островот, веќе биле започнати и преговори.

Дејли Мејл пишува дека црвените се уште не испратиле официјална понуда, но тоа ќе било направено.

Клоп сака да има повеќе алтернативи на крилните позиции, посебно што речиси еден месец нема да може да смета на лидерите на тимот Мохамед Салах и Садио Мане, кои ќе отсуствуваат поради Купот на африкански нации.

Сар оваа сезона на 12 меча во Премиер лигата постигна 5 гола и е спремен да направи чекор напред во кариерата.

„Црвените“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и спремаат понуда од 30 милиони евра.