Ливерпул е еден од клубовите кои се дел од новата Суперлига, сепак менаџерот на актуелниот шампион на Англија не е задоволен што се формира ново натпреварување.

Јирген Клоп смета дека треба да постои само една лига, тоа е секако Лигата на шампионите.

„Моето мислење не е променето, јас сум за Лигата на Шампионите, тоа е натпреварување на најдобрите, според спортски заслуги. Тешко е за сите нас, не знаеме премногу, луѓето околу нас не се среќни и целосно ги разбирам. Мене лично ми се допаѓа идејата Вест Хем да се бори за место во ЛШ, тоа е и една од убавините на фудбалот, важни се и навивачите кои се спротивставуваат на оваа идеја“ – изјави Клоп.