Германецот Јирген Клоп, со Ливерпул ја брани титулата во Премиер лигата, резултатите не се добри, Сити со натпревар повеќе има дури 22 бода предност, титулата е невозможно да се одбрани.

Клоп како да има стратегија за следната сезона, иако дванаесет играчи од неговиот тим се во возрасна граница која е поблиску до 30 години, а најголемиот дел од нив или вкупно девет се стандардни првотимци, тој нема намера сериозно да менува ништо во составот за следната сезона, секако ако „преживее“ на клупата, беше испровоциран од новинарско прашање.

„Што значи промена на ростерот, 10 играчи да заминуваат и исто толку да дојдат? Знам што мислиш, но сметам дека не е време за големи промени. Нашиот проблем е што сезонава првиот тим играше многу малку заедно, јасно е дека промени ќе има, трансфер пазарот е отворена работа, но бидете убедени дека сериозни промени ќе нема“, изјави Клоп.

Ливерпул вечерва гостува кај Шефилд од 20-15 часот.