Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се приклучи кон фудбалските експрети кои во последно време се обидуваат да одговорат на прашањето кој е подобар меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

„За мене, Меси е подобриот но не може да кажете дека и Ронално не е неверојатен. Игравме против двајцата и можам да кажам дека и двајцата се тешки за чување, но Меси е понепредвидлив и има ниска точка на дриблинг. Кога би можел да ги спојам на Меси би ја додал висината и скокот на Роналдо. Од друга страна, Меси е низок но се прави да изгледа едноставно, секако и Роналдо е неверојатен играч.“ – изјави Клоп.

Меси и Роналдо сеуште се двајцата најдобри играчи во светот, засега изгледаат без конкуренција и покрај квалитетите на Нејмар, Мбапе или пак на Салах и Мане.