Ливерпул, синоќа во спектакуларен меч по пенали го елминираше Арсенал и избори место меѓу осумте најдобри во Карабо Купот. Оваа победа донесе голема радост кај навивачите на „црвените“, но менаџерот Јирген Клоп на прес-конференцијата по мечот изјави дека нема да се појават на четврфиналето, ако не биде променет терминот. Причина за ова е Светското клупско првенство во Катар кое ќе се одигра на 16м17 и 18 декември, кога и се закажани мечевите од Карабо Купот.

„Од ФИФА ни наложија дека мораме да играме, иста е и ситуацијата со Премиер лигата. Мораме да играме и Куп и СП. Но, како кога тие мечеви се закажани во ист термин. Тие уште од стартот на сезоната знаеја дека во декември заминуваме за Катар. Требаа совреме да мислат на оваа ситуација, но ако ништо не се промени, едноставно нема да играме“-изјави Клоп.

Ливерпул по денешната ждрепка за место во полуфиналето ќе се бори против Астон Вила.