Офанзивниот играч за врска на Ливерпул, Вајналдум отрки интересен детал од моментите во соблекувалната на „црвените“ пред почетокот на големото финале во Лигата на шампионите во 2018 година.

Јирген Клоп решил во соблекувалната мотивацискиот говор во соблекувалната да го одржи со необичен избор на гардероба. Клоп се појавил во боксерици од брендот на Кристијано Роналдо во кои го навлекол и дресот на Ливерпул.

На ова следувало хистерично смеење од играчите а целта на Клоп била да ја намали тензијата пред соочувањето со „Кралевите“.

Инаку Ливерпул ова финале против Реал Мадрид го загуби со 3:1.