Њукасл доби нови сопственици и веројатно ќе биде клуб со голема моќ во Премиерлигата, раководството ќе мора да даде објаснување зошто дозволи ваков клуб со голема традиција да стане сопственост на една држава, вели Јирген Клоп.

Конзорциум од Саудиска Арабија го откупи Њукасл, сумата која ја платија не е мала во споредба со плановите кои ги имаат.

Клоп изјави дека очекува во рок од неколку години Њукасл да има загарантирано место во Лигата на шампиони, секако поради финансиската моќ на новите сопственици.

„Што значи тоа за фудбалот? Пред неколку месеци имавме голем проблем во светот на фудбалот со 12 клубови, кои се обидоа да формираат Суперлига. Тоа не се случи, но ова е своевидна креација на супер-клуб. Тоа е приближно исто. На навивачите на Њукасл тоа ќе им се допадне, но за нас тоа значи дека постои нова суперсила во името на Њукасл, Премиерлигата ќе мора да даде објаснување зошто го дозволи ова“ изјави Клоп.