Ливерпул со победата над Порто има перфектни и максимални 15 бода во групната фаза од Лигата на шампионите на едно коло до крајот на групната фаза.

По крајот на овој меч своето задоволство не го криеше тренерот на тимот Јирген Клоп, кој посебно реши да ги пофали младите играчи, меѓу кои и најмладиот Тајлер Мортон.

„Ако некој е во нашиот тим значи дека е добар фудбалер. Доволн осум долго во оваа работа да знам да знам дека не треба во игра да внесувам играчи кои не се подготвени. Неко Вилијамс може да игра, можеби луѓето ги изненади Тајлер Мортон, но беше навистина одличен. Тој е добар играч и навистина сум среќен за неговите добри игри“- заклучува Клоп.

Ливерпул во последното коло од групната фаза игра против Милан на Сан Сиро.