Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп смета дека Бретнфорд заслужено стигнале до бод против неговиот тим.

Одбраната на Ливерпул не се покажа на нивото на кое се очекува вчера во Премиер лигата, а новакот успеа да им даде три гоила.

„Беше ова луд меч. Тие заслужија да ги постигнат овие три гола, но можевме ние и повеќе“– изјави Клоп по мечот.

„Створивме повеќе шанси, но не можевме да се носиме со нивната одбрана. Вакви работи се случуваат. Требаше да постигнеме повеќе голови. Сепак, тие заслужија бод.“

Додава дека нема за што да се жали по ваков меч, но и упати посебни пофалби до голманот на Брентфорд, Давид Раја.

„Не ми е проблем да го прифатам овој резултат, кога се игра ваков фудбал. Победата мора да се залужи. Тие ни пружија отпор и го почитувам тоа. На крајот на краиштата, имаше ситуации во кои требаше да реагираме подобро, а тогаш и мечот би бил поразличен. Нивниот голман треба да ја носи 10-ката на дресот. Одигра неколку неверојатни топки и тоа беше права тактика против нас. Нема причина за кукање.“