Германскиот страег на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп на прес конференцијата пред натпреварот со Њукасл изјави дека е задоволен од фактот што Суперлигата не се формираше но исто така напомена дека воопшто не е задоволен од новите промени кои ги најави Лигата на шампионите која УЕФА ја презентираше во понеделникот.

Новиот формат на Лигата на шампионите предлага да се игра со 36.екипи во две групи и треба да започне од сезоната 2024/2025.

„Не можете само да додавате нови натпреварувања. Добро е што ја нема Суперлигата, но ниту новата ЛШ не е сјајна. УЕФА ми ја покажа идејата и јас велам дека не ми се допаѓа. Ќе имаме 10 натпревари, наместо досегашните шест. Не знам каде ќе ги вметнат“, истакна Клоп.

Новата Лига на шампиони ќе се игра според швајцарскиот систем, секој клуб ќе одигра по 10 натпревари, а потоа ќе следува нокаут фазата.