Ливерпул игра сезона за заборав. Актуелниот шампион на Англија во моментов се бори за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Ливерпул е седми и четири бода зад четвртопласираниот Челзи со помалку одиграни натпревари, а во Лигата на шампионите оваа сезона испадна во четврт-финалето од Реал Мадрид

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се обиде да ја објасни ситуацијата во пресрет на утрешниот натпревар од Премиер лигата против Саутемптон на „Енфилд“.

„Не сум сигурен дали сè уште имаме шанса, ќе се обидеме и доколку се појави можност, ќе бидеме тука“, рече Клоп за пласманот во Лигата на шампионите и продолжи.

“Имавме премногу повреди на клучните позиции. Луѓето мислат дека тоа е изговор, но ние сме оставени без целосна одбрана. Како да сме скршиле нога. Во тој случај можете да куцате и да ги ставите играчите од средниот ред во задната линија. Но, кога ‘рбетот е скршен е тогаш е многу тешко да се движите.”

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул минатата недела беше одложен поради немирите на навивачите на „Олд Трафорд“, па Клоп се наврати и на тој натпревар.

“Седевме цело време. Еден час пред состанокот на тимот тие ми рекоа дека има проблеми околу стадионот. Одржавме состанок и после тоа ни кажаа за одложувањето. Бевме принудени да седиме само во собата. Не е кул “Видовме неколку слики и следевме што се случува. Дали сум изненаден од протестот? Не. Јас верувам во демократија”, рече Германецот.