Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се приклучи на апелот на предводникот на Тотенхем, Покетињо околу можноста од следното лето трансфер прозорецот во Англија да трае до 2 септември како и во останатите лиги од Европа.

„Може ли некој да ми објасни како ова е добро за Премиер лигата. Ние немаме проблем но останатите клубови имаат клучни играчи кои сеуште се на трансфер пазарот и се може да се случи.“ – изјави Клоп.

До 2 септември можно е дел од екипите кои се борат за највисок пласман да останат без неколку клучни играчи а притоа да не можат да ангажираат замени.