Јирген Клоп ненадејно се најде во улога на бранител на Манчестер Јунајтед.

Јунајтед беше критикуван за лошата трансфер политика и за тоа што не успеа да го донесе младиот Ерлинг Халанд во своите редови, иако Солскер е сонародник на младиот бомбардер.

„Сите го критикуваат Јунајтед затоа што не успеа да го донесе Халанд. Вистината е дека не можел. Ниту Ливерпул ниту Јунајтед не можеа да го донесат и тоа е правата вистина. Халанд сакаше да прејде во топ екипа во која веднаш би му било гарантирано место во првиот состав. Тоа можеше да му го вети само Борусија. Тие имаа слободна деветка во тимот и му кажаа – „Дојди кај нас и еве ти веднаш дрес и место во првиот тим. Ќе се бориш во Лигата на шампионите и за титулата во Бундеслигата“. Тоа е тоа, ниту еден друг клуб не можеше да му го вети тоа“.