Ливерпул остана без првотимецот Џеорџиниот Вајналдум кој по истекот на договорот замина во ПСЖ.

Јиргне Клоп веќе пронајде замена за него во Борусија Менхенгладбах. Германецот го сака својот сонародник, 24 годишниот Флоријан Нојхаус, кој според Трансфермаркт чини 35 милиони евра. Германците својот играч со средниот ред го ценат на 40 милиони евра, а германскиот новинар на СПОРТ1, Флоријан Платенберг тврди дека минативе денови имало преговори.

Ливерпул се уште не пратил официјална понуда и многу веројатно ќе го чекаат крајот на Европското првенство како би ја завршиле работата.

Нојхаус со Германија ќе игра во група против Франција, Португалија и Унгарија.

Оваа сезона Нојхаус за Гладбах одигра 45 меча и постигна осум гола, делејќи и осум асистенции во 3625 минути.