Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне не баш најспортски го прифати поразот од Ливерпул во третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Тој реши да не се ракува со тренерот на Ливерпул по крајот на мечот, а овој момент го искоментира и Германецот.

„Да, тоа нам не ни се допаѓа, но така е… Неговата реакција сигурно е како мојата, не беше кул. Следен пат кога ќе се видиме дефинитивно ќе се ракуваме. Не е тоа ништо. Очигледно беше лут, не на мене, туку на играта. Нема ништо друго“- смета Јирген Клоп.