Јирген Клоп има план да го напушти Ливерпул, и тоа уште во јуни доколку екипата не освои некој трофеј во тековната сезона.

Германските медиуми пишуваат дека кризата во која се наоѓа Ливерпул, ги забрзала одлуките на Клоп, тој е можно да ја преземе репрезентацијата на Германија, тоа е и негов сон во кариерата, тврди Билд.

Селекторската работа е предизвик за Клоп, прашање на време е кога ќе ја преземе германската фудбалска репрезентација, можно е по завршувањето на годинашново ЕУРО, а најдоцна во 2024 година, тогаш Германија ќе биде домаќин на континеталниот собир.

Клоп има 53 години, има уште многу да даде за фудбалот, но не клупскиот, селекторската позиција е следен предизвик.