Легендарниот напаѓач на германската репрезентација, Мирослав Клосе изјави дека Роберт Левандовски е на далеку повисоко ниво од тоа што тој некогаш бил.

Оваа изјава доаѓа по одличната форма во која игра полјакот на стартот од сезоната во која е предводник на Баерн Минхен во Бундес лигата и Лигата на шампиони.

„Левандовски игра слично како мене, ама десетпати е подобар од мене. Тој е комплетен напаѓач, ги користи двете нозе, силен во воздух и има одличен шут“ -истакна Клосе за „Билд“.

Клосе за Германија даде 71 гол на 137 натпревари и притоа стана стрелец број еден на мундијалите, додека пак во Бундеслигата даде 121 погодок носејќи го дресот на Баерн Минхен, Вердер и Кајзерслаутерн.