Шпанскиот второлигаш Мирандес, обезбеди полуфинале во Купот на Кралот по победата над Вилјареал со 4-2.

Мирандес никогаш не бил прволигаш, во моментов е член на втората лига во Шпанија, испиша историја со пласманот во полуфиналето на Купот по втор пат во клупкста историја.

Клубот има мал буџет, нема големи шанси за пласман во првата лига на Шпанија, овој резултат сезонава за нив е неверојатно достигнување.

Во моментов, Мирандес е на 11 место во Ла Лига 2.