Англискиот второлигашки фудбалски клуб Дерби Каунти, во моментов предводен од најдобриот стрелец во историјата на Англиската репрезентација, Вејн Руни, поднесе барање да донесе стечајни управници во клубот поради финансиските тешкотии во кои се наоѓа.

Сопственикот на клубот Мел Морис рече дека неколку ситуации довеле до банкрот, вклучувајќи го и неуспехот да се најде нов купувач и негативните ефекти предизвикани од пандемијата на вирусот Ковид-19.

“Бидејќи пандемијата имаше значително влијание врз нашите приходи, клубот не може да ги исполни своите секојдневни финансиски обврски. Менаџментот нема друг избор освен да прогласи банкрот за да го заштити клубот”, истакнаа од Дерби.