Додека властите во Италија се убедуваат според кој протокол да овозможат спортот да почне да се враќа во нормала по паузата поради Ковид-19, фудбалските клубови кои се дел од Серија А се сложиле по однос на едно од клучните прашања.

Сезоната во Серија А мора да се догира во целост, ако има услови за фудбал тоа мора да се спроведе така или во спротивно нема да се појават на терен.

За бунтот по најавата за можното кратење на натпреварите кои останаа од оваа сезона и воведување на плеј-оф и плеј-аут, првиот човек на Торино, Урбано Каро пред два дена изјави дека или ќе се игра како што тоа досега се правело или нема да се игра.

Економската ситуација, ризикот по здравјето на играчите и вработените во клубовите заедно со судиите и сите фудбалски работници, ТВ правата и сл, се ова е земено во предвид но фудбалот е игра која не трпи големи промени, е генералниот заклучок на клубовите од Серија А.